top of page

„Мојата омилена книга“

„Мојата омилена книга е врата кон мојата имагинација.“

Во Гевгелија овој викенд во хотел „Аполонија“ беше отворена изложбата „Мојата омилена книга“ во организација на м-р Александар Јанев, Тања Трајкова, Наташа Смилкова, наставниците од училиштето „Крсте Мисирков“ и општина Гевгелија.
На изложбата беа изложени уметничките творби на ученици од 4 до 9 одделение од ООУ „Крсте Мисирков“ инспирирани од нивните омилени книги и претставува поврзување меѓу литературата, детската креативност и ликовната уметност.
Во овој проект се вклучени учениците од ова училште, со околу 150 ликовни творби, а комисија во која членуваат ликовни уметници и наставници ги избира најдобрите 30 творби кои ќе бидат дел од изложбата во Париз „Вие сакате да читате, па цртајте.“
Ова е трета година по ред како трае соработката со францускиот визуелен уметник Mlle Yolande, која е членка на асоцијацијата на ликовни уметници од Париз и која го иницира проектот „Mon Livre Préféré“. За линковската врска со Париз е задолжена гевгеличанката Анита Алабау, самостоен уметник, која живее и твори во Р. Франција.
Проектот воспоставува платформа за соработка помеѓу училиштата во Франција и во другите земји, така што учениците ги изложуваат своите креативни дела во позната париска галерија.
Едицијата 5, со проектот „Мојата омилена книга“, ќе се одржи од 11 до 15 февруари 2026 година во Париз. Годинава, изложбата е петта по ред и на неа учествуваат ученици од неколку основни училишта од Париз како и ученици од повеќе држави меѓу кои и Македонија.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

Поврзете се со нашиот тим тука за сите прашања, загрижености и барања.

Регистрирана добротворна организација: 12345-67

Гевгелиски Партизански Одред 1,

Гевгелија, Република Македонија

Телефон: +389 071 299 728

  • Facebook
  • X
  • Instagram
  • LinkedIn

БИДИ ПРВ КОЈ ЌЕ ДОЗНАЕ

Sign up to our newsletter to stay informed

Thanks for submitting!

© 2026 Фондација Аполонија. Овозможено и обезбедено од Wix

bottom of page